Денес нема голема понуда за обложување, а во фокусот секако ќе биде финалето на италијанскиот Куп, каде Фиорентина и Интер ќе се борат за трофејот.
Интер сака да го одбрани трофејот од минатата сезона и според квалитетот и искуството секако е фаворит во овој дуел, но Фиорентина сака после повеќе од две децении да освои трофеј и ова е одлична шанса за тоа.
Може ли Фиорентина да дојде до трофејот?
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фиорентина после неколку лоши сезони конечно игра одлично под водство на тренерот Италијано и оваа сезона стигна не само до финалето на Купот туку и во финале на Лига на конференции. Славниот клуб од Фиренца повеќе од две децении чека на трофеј и сега има одлична можност да стигне до него, па поради тоа за нив овој меч е историски. Фиорентина имаше лесен пат до финалето, ги избегна гигантите, а во полуфиналето играше со Кремонезе. Сега во финалето игра против Интер, а двата натпревари против „нероаѕурите“ оваа сезона им даваат самодоверба на „виолетовите“. Фиорентина го победи Интер во Милано, а дома имаше водство и загуби во последните минути. Се чини дека Италијано го има рецептот за тимот на Инзаги, но ова е финале и сигурно ќе игра внимателно бидејќи знае дека може да ја оствари целта после продолженија или пенали. Што се однесува до тимот, тренерот за овој меч ќе може да смета на сите фудбалери.
Интер сака да го одбрани трофејот
Иако во одреден момент се чинеше дека ова ќе биде разочарувачка сезона за Интер, сепак ова може да биде историска сезона за „нероаѕурите“. Во првенството се на чекор до пласман во Топ 4, а стигнаа и до финалето во Лигата на шампиони. Инзаги уште еднаш покажа дека е тренер за куп-натпреварувања, па ќе сака сезоната да ја заврши со трофеј. Интер го брани трофејот од минатата сезоа, а немаше лесен пат до финалето, бидејќи во полуфиналето се сретна со најголемиот ривал Јувентус. „Нероаѕурите“ се во одлична форма, имаа серија на победи, иако минатото коло загубија од Наполи. Сепак, Инзаги на тој меч одмараше неколку важни фудбалери и се чуваше за овој меч. Што се однесува до тимот, Инзаги за овој меч нема да може да смета на Скриниар и Михтарјан, кои се повредени.
Очекување
Финалињата се секогаш непредвидливи, иако според квалитетот Интер е фаворит. Сепак, Фиорентина нема лесно да се предаде и очекуваме тактичко надмудрување на овој меч.