Дома Фудбал Лига на шампиони Дерби на денот: Германски тест за „старата дама“

Дерби на денот: Германски тест за „старата дама“

Денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампиони, а ние за вас ќе го анализираме дуелот помеѓу Лајпциг и Јувентус.

Лајпциг брка прва победа

Лајпциг веќе неколку сезони е на врвот на Бундеслигата и играат одлично. Минатата сезона обезбедија пласман во Лигата на шампиони, а тоа ќе биде примарна цел и оваа сезона. Тешко дека овој тим може да се замеша во борбата за титулата, но момците на Росе не навикнаа на изненадувања изминатите години. Тимот ова лето остана без главната ѕвезда Дани Олмо, но успеаа да го задржат Симонс и донесоа неколку нови засилувања, па сигурно имаат тим за високи дострели. Во првиот меч загубија на гостувањето кај Атлетико Мадрид, но одиграа одличен меч. На домашен терен се многу поопасни и сигурно дека целта е три бода.

Јувентус одлично ја отвори сезоната


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


После неколкуте просечни сезони, Јувентус ова лето направи драстични промени и конечно сака да се врати на врвот на италијанскиот фудбал. Се врати во Лигата на шампиони и стартуваше со победа во првото коло против ПСВ. „Бјанконерите“ беа убедливи во првото коло, но реално ова е првиот голем тест за тимот на Тиаго Мота. Поради тоа амбициите на „старата дама“ оваа сезона ќе бидат високи и ќе атакуваат на Скудетото, но сакаат да одат што подалеку и во Лигата на шампиони. Јувентус ќе игра тактички на овој меч и ќе чека шанси преку контри и полуконтри, а така „старата дама“ е најопасна, па ќе сака да обезбеди барем реми на ова гостување.

Очекување

Домаќините се фаворити, но гостите знаат да играат на резултат и очекуваме неизвесен дуел кој ќе го одлучуваат мали детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Навивачите на Арсенал разочарани од дебито на засилувањето од 30 милиоини евра

Mикел Мерино летово пристигна во Арсенал од Реал Сосиедад во трансфер вреден 31,6 милиони …