Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Дерби на денот: Англичаните го измислиле фудбалот, на Мбапе не му е гајле за тоа

Дерби на денот: Англичаните го измислиле фудбалот, на Мбапе не му е гајле за тоа

Четвртфиналните дуели на Мудијалот во Катар завршуваат со големото дерби помеѓу Англија и Франција на стадионот „Ал Бајт“.

Франција сака да направи подвиг и да ја одбрани титулата, а сигурно има квалитет за тоа, додека Англија смета дека има генерација која конечно е спремна за големи нешта.

Англија сака да го детронира шампионот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После пласманот во полуфиналето во Русија и освоеното четврто место сега Гордиот Албион конечно сака да стигне до самиот крај и да освои голем трофеј, кој недостасува долго време.

Меѓутоа, до таа цел има многу предизвици, а најпрво на патот стојат „Петлите“. Англија убедливо победи во осминафиналето против Сенегал, но историски гледано најчесто се елиминирано во четвртфиналињата на Мундијалите.

Саутгејт сака да ја помине таа пречка и да стане првиот селектор кој два пати со ред ја носи Англија во полуфинале.  На патот им стои голем ривал и добро познат противник. Стручниот штаб на Англичаните призна дека цели две години се подготвува за овој дуел бидејќи знаеле дека ќе налетаат на Франија.

Главната закана секако доаѓа од Мбапе, па Сатгејт правел план како да го запре најдобриот играч на „триколорите“. Традиционална Англија има лоши резултати против Фрација, па поради тоа ова за нив е како финале пред финале. Добрата вест е што Стерлинг се врати на тренинзите и ќе биде спремен за игра.

„Петлите“ летаат на крилјата на Мбапе

Франција сака да биде третата репрезентација која после Италија и Бразил успеала да ја одбрани титулата светски шампион. „Петлите“ секако дека имаат квалитет за такво нешто и тоа го покажаа во досегашниот тек на Мундијалот, па поради тоа се едни од главните фаворити.

Иако пред почетокот и за време на Мундијалот „триколорите“ беа покосени од повреди, сепак покажаа дека имаат голем ростер и дека можат да играат и без многу важни фудбалери.

Дешамп се стреми кон 6-та последователна победа во нокаут фазата на Мундијалите, а Мбапе гледа кон „Златната копачка“ бидејќи веќе има пет гола на ова Светско првенство.

И за Французите овој дуел е финале пред финале, па победа вечерва ќе им даде сериозен ветер во грб да ги остварат своите амбиции.

Очекување

Очекуваме израмнет и неизвесен дуел кој ќе го одлучуваат мали детали. Со оглед дека двете репрезентации имаат одлични напади очекуваме дека ќе има голови на двете страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…