Дома Фудбал Италија Дерби какво што ретко се гледа: Интер го прегази Милан!

Дерби какво што ретко се гледа: Интер го прегази Милан!

Тимот на Интер славеше со една од најубедливите победи во градското дерби против Милан, „росонерите“ вечерва беа прегазени со 5:1. Интер сезонава е еден од главните кандидати за Скудетото, а тоа го покажува и со одличните натпревари на почетокот од сезоната. Оваа победа на Интер е најубедлива уште од 1974 година.

Исто така ова е продолжување на победничката низа во градските дерби средби која започна со јануарскиот триумф од 3:0 во Суперкупот, потоа победата во Серија А во февруари, па двата триумфи во полуфиналето од Лигата на шампионите со 2:0 и 1:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Победата Интер ја најави уште во петтата минута со голот наМикхтаријан, пред крајот на првиот дел Маркус Турам зголеми на 2:0.

Се врати Милан во натпреварот преку Рафаел Леао, а набрзо потоа Португалецот се најде во уште една добра прилика, но не реагираше најдобро со Рејндерс.

Надежите за „росонерите“ згаснаа с голот на Микхтаријан од пенал во 69. минута. До крајот конечните 5:1 ги поставија 3 од пенал и Фратези.

За Милан ова беше прв пораз во сезоната и останува на девет бода со кои е на третото место, на второто е Јувентус со 10, Интер е лидер со 12.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…