Пред една година на денешен ден фудбалскиот свет го погоди голема трагедија.
Иако беше тешко сигурни сме дека како и ние верувавте во некакво чудо. Посакувавме да ве израдуваме со наслов: ЧУДОТО СЕ СЛУЧИ САЛА Е ЖИВ…Посакувавме, но не се оставари…Денес изминува цела година од трагедијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така прерано згасна една кариера, кариера која ветуваше и за жал никогаш нема да дознаеме како Сала ќе се снајдеше во една од најсилните лиги – Премиер лигата.
Кој е Емилијано Сала?
Емилијано Сала е роден во Санта Фе, Аргентина, но со фудбалска репутација се стекна во Франција.
Во неговата последна сезона блесна во полн сјај во дресот на Нант со што го натера Кардиф за него да плати 17 милиони евра (најмногу во нивната историја). Во текот на целата своја кариера го носеше дресот на француски клубови.
Во неговата татковина го носеше дресот само на Клуб Пројекто Красер, меѓутоа неговиот прв професионален договор беше во Франција со Бордо.
Во Бордо пристигна во 2012 и се задржа три сезони, но во меѓувреме беше испраќан на три позајмици (Орлеанс, Ниорт, Каен). За Нант потпиша во 2015 година и од тој момент одигра 117 натпревари и постигна 42 погодоци.
Пред да го избере Кардиф и да се случи трагедијата беше баран од скоро половина Премиер лига : Вест Хем, Еверон, Лестер, Кристал Палас, Фулам, Саутемптон…Се клубови кои сакаа да го видат во своите редовие.
Кога пристигна во Кардиф изјави:
„Ми претставува голема чест што ќе играм во овој клуб. Со нетрпение чекам да ги запознаам моите нови соиграчи и да започнам со тренинзи“, зборуваше Сала
Неговото последното огласување преку Твитер сега од оваа ситуација изгледа морничаво и страшно…
„Последен поздрав“, напиша Сала на фотографијата со поранешните соиграчи
Пишува: Стефан Даскалов