Џејдон Санчо е во центарот на вниманието на медиумите на Островот поради неговата ситуација во Манчестер Јунајтед каде што како што изгледа повеќе нема да заигра.
Санчо влезе во конфликт со Ерик Тен Хаг кој цврсто стои на својот став и нема намера да попушти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Јунајтед очекуваа многу повеќе кога платија 85 милиони евра на Борусија Дортмунд по одличните настапи на англискиот фудбалер во Бундеслигата.
За Јунајтед, Санчо игра далеку под очекувањата, а клубот по конфликтот со Тен Хаг му забрани дури и да јаде во кантината доколку несе извини, засега и Санчо е упорен тврдејќи дека нема за што да се извини.
Додека целата ситуација е во фокусот на вниманието медиумите се потсетуваат на преговорите помеѓу Борусија и Манчестер Јунајтед. Јунајтед се обидуваше да ја намали цената со дополнителни клазули во договорот, една од нив од денешна гледна точка изгледа смешно.
Имено, Јунајтед предложил клазула за бонуис ако Санчо биде помеѓу тројцата финалисти за „Златната топка“. Во Борусија го одбиле тоа барање и сега се покажува како исправен потег.