Дома Фудбал Италија Демирал: Роналдо ме дочека со војнички поздрав

Демирал: Роналдо ме дочека со војнички поздрав

Tурскиот репрезентативец Мерих Демирал откри дека Кристиано Роналдо во Торино го дочекал со војнички поздрав.

Многу прашина во јавноста крена салутирањето на репрезентативците на Турција во натпреварите против Албанија и Франција во квалификациите за Европското првенство. На тој начин фудбалерите сакаа да оддадат почест на нивните војници кои се на северот на Сирија.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Дел од јавноста го поздрави нивниот гест, а од дел беа критикувани. Сега Демирал објасни дека тој добил поддршка од Роналдо.

„Кога се вратив во Торино на тренингот ме дочека Роналдо со војнички поздрав. Бев изненаден, но исто така и горд“, изјави Демирал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Луд гол на Дијаз: Погоди од речиси невозможна позиција! (Видео)

Колумбискиот репрезентативец Луис Диаз е во извонредна форма во дресот на Баерн Минхен и п…