Дома Фудбал Дембеле ќе заработи богатство во Барселона

Дембеле ќе заработи богатство во Барселона

Францускиот репрезентативец Осман Дембеле може да заработи цели 40 милиони евра во следните две сезони со новиот договор во Барселона.

25-годишниот Дембеле после долги преговори се согласи да стави потпис на нов договор до 2024 година и се согласи да ја намали платата до 40%. Па така според договорот годишно ќе заработува по 16 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, со бонусите неговата плата може да достигне до 20 милиони евра по сезона.

Во неговиот договор има и откупна клаузула од 100 милиони евра. Доколку некој ја активира 50 милиони ќе завршат кај Барселона, а другите 50 милиони кај Дембеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На поранешниот напаѓач на Ливерпул му се заканува затворска казна!

На некогашната ѕвезда на англиската репрезентација, Ендру Керол (36), му се заканува затво…