Денес скоро сите познати светски медиуми објавија дека Барселона и ПСЖ постигнале договор за Нејмар.
Помеѓу оние што објави дека работата се завршена беше и познатиот новинар Џанлука Ди Марцио кој е во добри односи со спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо и поради тоа се верува дека работата е завршена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што спомеавме се објави дека постигнат е договор, но не се изнесуваа повеќе детали.
Сега се открива за каков договор станува збор. Според информациите во Париз како замена за Нејмар ќе бидат испратени Иван Ракитиќ и Жан Клер Тодибо.
Покрај овие двајца веројатно ПСЖ ќе добие и пари, а се претпоставува дека тоа ќе биде 100 милиони евра. Како што се тврди, трансферот на Нејмар би требало вечерва или во текот на утрешниот ден да биде потврден.