Познатиот аргентински тенисер, Хуан Мартин Дел Потро беше ооразен од сонародникот Федерик Делбонис на турнирот во Буенос Аирес и изгледа ја заврши и кариерата.
Во мечот кој траеше нешто помалку од час и половина Делбонис ја контролираше играта. Најголемо внимание привлекоа зборовите на Дел Потро псоле мечот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова е моментот кој никогаш не сакав да дојде. Не испадна како што се надевав. Здравјето ме принуди да донесам одлука во која ниту сам не верувам. Вложив многу труд во последните две ипол години за да можам да се вратам и да направам уште едно чудо. Некогаш може да изгубам и да немам сила да одам напред. Жал ми е поради тоа. Дадов се“, изјави Дел Потро низ солзи.
The heart of this guy.
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) February 9, 2022
Del Potro breaking down in years before last serving of his career.
I don’t think I have ever seen anything similar before.
OLEEEEE OLEEEEE OLEEEE DELPOOOO DELPOOOOO pic.twitter.com/E0L6GWq4uW
Сепак, додаде дека е горд што крајот на кариерата го дочекува на терен, а не на конференција за медиуми.
„Најтешко во одлуката ми е наклонетоста на луѓето. Сета таа љубов која ја носат. Целата кариера ја градев со најдобрите тенисери во историјата. Горд сум што учев од најдобрите, секогаш се трудев и јас да бидам пример за помладите. Мирен сум затоа што мојот последен меч беше на терен, а не на конференција за новинарите. Секогаш ќе го паметам“, додаде Аргентинецот и порача дека сега сака да живее во мир и да спие без болки во нозете.
Остави простор да го видиме во Рио Де Женеиро за последен пат. Овој турнир започнува за неколку дена.
„Во овој момент не сум сигурен за Рио. Мислам дека таму можам да доживеам нешто слично како и тука поради љубовта во тоа место кон мене. Утре или задутре ќе разговарам и ќе донесам одлука. Јасно ќе ви ставам до знаење дали со или без одење во Рио ја завршувам кариерата. Приоритет ми е да живеам без болки. Морам да ја средам ногата затоа што ми е тешко вака да живеам“, заврши Дел Потро.
#JuanMartinDelPotro #ArgentinaOpen
— Express Sports (@IExpressSports) February 9, 2022
2009 U.S. Open champion Juan Martin del Potro lost on Tuesday in what appeared to be a farewell match in front of his home fans at the Argentina Open tournament.
More Pics 👇https://t.co/oWNbnZhvkp pic.twitter.com/i5zmrLKcdI