Ѕвездата на Тотенхем, Деле Али кој се здоби со мала повреда на првиот меч против Тунис, најверојатно ќе го пропушти вториот натпревар на „Гордиот Албион“, пренесуваат медиумите на Островот.
На негово место против Панама во стартниот тим ќе биде Лофтус-Чик, кој против Тунис влезе во игра во второто полувреме и беше одлично оценет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Саутгејт сака да го чува Деле Али за дуелот со Белгија, а притоа размислува за уште една промена во тимот. Според „Телеграф“ Рахим Стерлинг најверојатно ќе биде заменет со Маркус Рашфорд во стартниот тим.
Од друга страна „Сан“ пренесува дека Ешли Јанг против Панама ќе биде во стартниот тим на местото на Дани Роуз.