Дома Фудбал Германија Деветкратниот германски шампион нема да игра вечерни натпревари поради енергетската криза

Деветкратниот германски шампион нема да игра вечерни натпревари поради енергетската криза

Тимот на Нирнберг кој е втор најуспешен германски клуб по бројот на освоени титули веднаш зад Баерн Минхен и пред Борусија Дортмунд нема да игра вечерни натпревари.

Градскиот совет донесе одлука да го ограничи користењето на рефлектори, па така второлигашот поради енергетската криза нема да игра вечерни натпреари.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Инвазијата на Русија во Украина предизвика голем скок на енергијата во целиот свет, а Германија која многу зависеше од руската енергија се обидува да ја намали потрошувачката со приближувањето на зимата.

„Греењето ќе остане исклучено по договорот со германската лига, а рефлекторите нема да се користат после 21:00 часот“, соопштија од градот.

Зад себе низ историјата Нирнберг има девет шампионски титули и во овој момент се наоѓаат на 13. место во Цвајт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ѓоковиќ одлучи: Се сели од Србија, ќе започне нов живот во Атина!

Грчките медиуми гордо објавуваат дека најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, ќ…