Дома Фудбал Останато Дебитантот Трапановски: Се чуствувам како долго време да сум тука!

Дебитантот Трапановски: Се чуствувам како долго време да сум тука!

Maкедонската фудбалска репрезентација ја очекуваат два натпревари во Лигата на Нации во кои ќе играме против Фарски Острови и Ерменија.

Пред овие дуели денеска за медиумите зборуваше дебитантот во националниот тим, Кристијан Трапановски.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Трапановски истакна дека во Торшван, Македонија ќе ја има фаворитската улога, а во репрезентацијата иако е првпат се чувствува како да е долго време тука.

„Задоволство ми е што сум дел од националниот тим на Македонија. Се надевам дека ќе ја искористам оваа шанса и ќе ги покажам моите квалитети. Групата ме пречека одлично, се чувствувам супер, се чувствувам како долго време да сум тука иако ми е првпат. Нашата цел е да освоиме што е можно повеќе бодови, ако е можно да ги победиме сите натпревари и да се пласираме во следната рунда. Фаворити сме, но во денешно време нема лесни противници“, изјави Трапановски.

Против Фарски Острови, Македонија ќе игра на 7 септември во Торшван додека три дена подоцна ќе бидеме домаќини на Ерменија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бруно до Гарначо: Навистина си глупав📷

Манчестер Јунајтед го победи Саутемптон на гости со головите на Де Лихт, Рашфорд и Гарначо…