Дома Актуелно „Дебелиот“ Роналдо претседател на англиски или шпански второлигаш?

„Дебелиот“ Роналдо претседател на англиски или шпански второлигаш?

ronaldo

Роналдо Луис Назарио Де Лима многумина го сметаат за „вистинскиот“ Роналдо.

„Вистинскиот“ или „дебелиот“ Роналдо секако е еден од најголемите таленти во историјата на фудбалот. Два пати со Бразил се искачи на тронот на светот и Јужна Америка.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Роналдо сега сака да се врати во светот на фудбалот и да инвестира. Во разговор за бразилскиот медиум „Folha de Sao Paolo“, Бразилецот изјави дека себе си се гледа на чело на бразилскиот фудбалски сојуз, но прво сака да собере искуство водејќи некој фудбалски клуб.

Според неговите зборови тој размислува за купување на англиски или шпански второлигаш.

„Би сакал да направам нешто иновантивно. Верувам дека сум спремен за тој предизвик“, зборуваше Роналдо.

Останува да се види дали оваа желба на Роналдо ќе му биде остварена, но веруваме дека тој негов потенцијален клуб ќе добие голем број симпатизери во целиот свет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Реал за секој гол му плаќа на Ендрик 300 000 евра

Секој гол што Ендрик го постигнал и ќе го постигне за Реал Мадрид ќе го чини клубот 300.00…