Дома Фудбал Лига на шампиони Две слични филозофии во натпреварот на сезоната: Познати евентуалните состави за вечерашното финале во ЛШ

Две слични филозофии во натпреварот на сезоната: Познати евентуалните состави за вечерашното финале во ЛШ

Натпреварот на сезоната се игра на стадионот Драгао во Порто. Во финалето на ЛШ силите ќе ги одмерат Манчестер Сити и Челси.

Англичаните на северот од Португалија доаѓаат по изгубеното. По втор пат во три години два клуба од Премиер лигата ќе се сретнат за најважниот клубски трофеј. Овој пат на ред се Манчестер Сити и Челси.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Пеп Гвардиола во финалето на ЛШ се враќа после десет години, а на другата страна ќе го има незгодниот противник со слична филозофија. Во прашање е Томас Тухел кој претходната сезона со ПСЖ играше финале и загуби од Баерн.

Откако Тухел ги превзема Сините, лондонскиот клуб два пати го победи тимот на Гвардиола. Во првенството славеше со 1:2, а во ФА купот со 0:1. Меѓутоа, сосема јасно е дека тие натпревари не се показател и мерило за вечерашниот натпревар.

Двете екипи немаат проблеми со повредите. Веќе се шпекулираат и почетните состави. Гвардиола планира да игра со Марез, Де Брујне и Фоден во нападот, додека Тухел ќе се одлучи за Пулишиќ, Вернер и Маунт.

Манчестер Сити: Едерсон, Волкер, Стоунс, Рубен Диаз, Жинченко, Бернардо Силва, Фернандињо, Гундоган, Марез, Де Брујне, Фоден.

Челси: Менди, Кристенсен, Тиаго Силва, Рудигер, Азпиликуета, Жоргињо, Канте, Чилвел, Пулишиќ, Вернер, Маунт.

Граѓаните до финале стигнаа со 11 победи и едно реми, без пораз. На другата страна Сините имаат осум победи, три нерешени и еден пораз. Најдобар стрелец на тимот е Жиру со шест погодоци.

Инаку, на трибините на стадионот Драгао ќе има нешто повеќе од 16.000 гледачи. Натпреварот ќе го судат шпанските судии на чело со Антонио Матеу Лахоз. Натпреварот започнува во 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…