Дома Топ вести Две можни сценарија за Игуаин да заврши во Челзи – еве што ќе добие Милан!

Две можни сценарија за Игуаин да заврши во Челзи – еве што ќе добие Милан!

Иднината на Гонзало Игуаин е главна тема на Апенините, па постои можност Аргентинецот да го напушти Милан и да се пресели во Челзи.

Челзи покажува силен интерес за Игуаин кој побарал од раководството да му биде дозволено да се пресели на „Стенфорд Бриџ“, но трансферот е многу комплициран


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Игуаин е на позајмица до крајот на сезоната за која Милан плати 18 милиони евра, а на лето ќе има опција да го откупи неговиот договор за додатни 36 милиони евра.

Италијанските медиуми пренесуваат дека постојат две можни сценарија според кој Игуаин да заврши во Челзи уште оваа зима.

Прво, Милан ќе бара 18-те милиони евра кои ги плати за Игуаин да бидат „пресметани“ во трансферот на Бакајоко, односно наместо за 35 да го откупи за 17 милиони евра. Притоа, да го добие Мората на позајмица од 18 месеци за 5 милиони евра со можен откуп за додатни 40 милиони евра.

Второто сценарио е Милан да го врати Игуаин во Јувентус, а за 18-те милиони евра да го добие талентираниот Моис Кин, а потоа „старата дама“ да го продаде „Пипита“ во Челзи. И во тој случај „росонерите“ ќе бараат да договорат позајмица на Мората, кој е на излезна врата од Челзи.

Сето ова делува како многу комплицирано, па тешко е да се поверува дека ќе се реализира овој трансфер, особено поради фактот што Милан сака да го задржи Игуаин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пеколна нокаут фаза: Шпанија, Франција, Германија и Португалија од иста страна

Веќе е при крај групната фаза на Европското првенство и полека се право костурот за нокау …