Дома Топ вести Двете ѕвезди од Интер на мета на Гвардиола.

Двете ѕвезди од Интер на мета на Гвардиола.

Приоритет на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе  биде доведување на врвен напаѓач.

Англиските медиуми пренесуваат дека Серхио Агуеро нема да го продолжи договорот со Сити и на лето ќе си замина како слободен агент, а Гвардиола бара негов наследник.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Прва желба на „граѓаните“ е Лионел Меси, но тој засега нема решено каде ќе ја продолжи кариерата.  Во овој момент Аргентинецот е поблиску до ПСЖ, па клубот разгледува алтернативи.

Гвардиола е симпатизер на двете ѕвезди на Интер, Лаутаро Мартинез и Ромелу Лукаку, па ќе се обиде еден од нив на лето да донесе на „Етихад“.

Интер има големи финансиски проблеми, па Сити сака тоа да го искористи и веќе спремил богата понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…