Ферари моментално го има најдобриот мотор во Формула 1 иако италијанскиот тим не успева тоа да го материјализира на трките.
После летната пауза Леклер и Фетел заедно освоија пет пол позиции и три победи, а на некои стази нивните болиди беа побрзи за 0.8 секунди во однос на конкуренцијата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според пишувањата на Мотоспорт два тима се пожалиле на легалноста на моторот на Ферари и побарале од ФИА одредено појаснување бидејќи веруваат дека екипата од Маранело ги прекршила правилата.
Жалбата глабно се однесува на интеркулерот кој дозволува да контролира протокот на масло кое се внесува во процес на согорување и така за кратко време се зголемува моќноста на моторот.
Тимовите очекуваат што побрз одговор од меѓународната моторска асоцијација која се уште молчи.