Maурисио Покетино во вторникот доби отказ на клупата на Тотенхем.
Аргентинскиот стратег беше отпуштен после пет години поминати во лондонскиот тим, а него го наследи Жозе Мурињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа благодарение на одличното водење на Тотенхем во претходните пет години, Покетино нема да има проблем да пронајде нов ангажман. „РМЦ“ спорт сега тврди дека два тима се во игра да го доведат.
Според информациите, еден клуб од Баерн или Барселона ќе биде негова следна детстинација. Медиумите предност му даваат на Баерн поради минатото на Покетино.
Во текот на играчката кариера Покетино го носеше дресот на Еспањол од 2009 до 2012 година. Претходно истакнуваше дека поради верноста кон Еспањол не би можел да ја води Барселона. Сепак, во денешниот фудбал сведоци сме на многу ситуации во кои некој играч или тренер „заборавил“ што зборувал во минатото.
Баерн неодамна се раздели со Нико Ковач, Ханс Флик седна на клупата на Баерн, тој засега е поставен како привремено решение.
Покетино покрај Тотенхем претходно како тренер работеше во Еспањол и Саутемптон.