Раководството на Реал Мадрид нема ништо против да се радели со Рафаел Варан ова лето, пренесува „Марка“.
Варан на лето влегува во последната година од договорот, а преговорите за продолжување на соработката не одат во добра насока.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кралевите“ сакаат да ја избегнат ситуацијата како со Рамос и да го загубат дефанзивецот без обештетување, па се спремни да го пуштат ова лето.
За него силен интерес покажува Манчестер Јунајтед, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Челзи.
„Кралевите“ за неговата слобода бараат 70 милиони евра, а двата англиски гиганти наводно се спремни да ја платат оваа сума.
Реал веќе го доведе Давид Алаба, а сигурно до крајот на преодниот рок ќе се засили со уште еден дефанзивец.