Македонскиот фудбалски прволигаш од Ѓорче Петров потврди дека двајца фудбалери се позитивни на Ковид 19.
Од клубот потврдија дека фудбалерите немаат симптоми и дека следната недела ќе имаат ново тестирање, а уште четворица се во изолација.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Поради позитивните случаи на коронавирус екипата одлучи да ги откаже пријателските натпревари против Работнички и Академија Пандев кои требаше да се играат наредната недела.
Позитивните случаи во тимот на „лавовите“ не се знае како ќе се одрази на претходно објавениот термин од ФФМ за почетокот на Првата лига, која требаше да стартува на 9 август.