Дома Фудбал Останато Двајца Англичани освоиле скоро 400.000 фунти на чудни типови

Двајца Англичани освоиле скоро 400.000 фунти на чудни типови

Двајца англиски обложувачи на уплатени 12.5 фунти освоиле добивка од скоро 400.000 фунти и тоа со чудни типови кои ретко се играат.

Уплатата на двајцата обложувачи е објавен и од „Бетфер“. Џон Ворти уплатил 10 фунти, додека Џек Хатчинс вложил 2.5, заедно освоиле 395.000 фунти.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Најинтересни се типовите кои го одиграли. Тие се обложиле на натпревари од Карабао купот во Англија. На мечот Тотенхем – Вулверхемптон се обложиле дека Леандер Дендокер два пати ќе шутира во рамките од голот со глава и за тоа коефициентот бил 251.

Вториот тип бил дека на натпреварот Челзи – Астон Вила Хаким Зијеш ќе шутне по еднаш во рамките од голот надвор од шеснаесетникот со двете нозе. За овој тип имало коефициент 176.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …