Вчера прво на аеродромот, а потоа на плоштадот во Скопје беа пречекани ракометарите на Вардар кои од ново ја израдуваа Македонија и ја вратија европската титула која ја освоија и во 2017 година.
Градскиот плоштад беше претесен да ги собере навивачите кои сакаа да ги пречекаат ракометарите кои ја покорија Европа.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Церемонијата на Вардар каде што се обратија сите од таборот на Вардар беше завршена на навистина спектакуларен начин со песната „Еден живот, една љубов“.
Момент кој ќе остане запаметен засекогаш во нашата спортска историја!