Дома Фудбал Останато „Да, сакавме да го доведеме Меси, но парите не се за сите на прво место“

„Да, сакавме да го доведеме Меси, но парите не се за сите на прво место“

Поранешниот спортски директор на Интер, Марко Бранка откри дека миланскиот клуб се обидел да го доведе Лионел Меси во 2008 година.

Интер ја испратил понудата до Барселона и Меси, имало преговори меѓутоа Меси се заблагодарил и порачал дека не сака да го напушти клубот кој верувал во него од самиот почеток.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Да, вистина е. Испративме понуда и преговаравме, но Лео не сакаше да ја напушти Барселона, беше благодарен на клубот кој верувал во него од самиот почеток. Парите не се за сите на прво место“, изјави Бранка.

Интересно е што во медиумите поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати зборуваше дека сегашното раководство има пари да го доведе Аргентинецот, меѓутоа такво нешто во овој момент не изгледа реално.

Бранка зборуваше и за ситуацијата со Лаутаро Мартинез.

„Прочитав дека Меси барал да биде доведен во Барселона, но не знам каква е ситуацијата затоа не би сакал да зборувам“.

Во медиумите се пишува дека Интер за Лаутаро од Барселона бара 110 милиони евра, додека Каталонците се обидуваат да вклучат некои играчи за да ја намалат таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најцрниот месец во кариерата на Гвардиола: Вакво нешто никогаш не му се случило!

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити го доживуваат најтешкиот период во нивната заедничка сорабо…