Некогашниот нигериски селектор, Самсон Сиаси смета дека Микер моментално е подобар од Модриќ, а тие двајца ќе се соочат еден против друг во рамки на Мундијалот во Русија, со оглед на тоа дека се наоѓаат во иста група.
„Да, мислам дека Микел е подобар од Модриќ. Па Микел играше 11 години за Челзи и сега фантастично му оди во кинеската Суперлига. Мислам дека на теренот ќе се избори за своето место и во редот за врска ќе им покаже на Модриѓ и друштвото што знае и умее. Ако Нигерија против Хрватска и Исланд запише победа и реми, што очекувам, сигурно одат натаму. Не треба толку да се фокусираат на мечот против Аргентина, со која играат во третото коло. Можеби и нив ќе им одговата нерешен резултат, па заедно да минеме понатаму“, истакна Сиаси.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Неговата изјава ниту малку не им се допадна на колегите во Хрватска, а што и не е чудно бидејќи Модриќ е еден од клучните играчи на Реал Мадрид, додека Микел моментално игра во кинеското првенство.
Според сите предвидувања, Хрватска токму против Нигерија ќе го игра клучниот меч во битка за нокаут фазата.