Пред неколку дена во нашата, но и балканската јавност голема прашина крена интервјуто на Дарко Панчев.
Македонската јавност го осуди Панчев затоа што на некој начин се обиде да го омаловажи успехот на ракометниот клуб на Вардар кој освои две европски титули во последните три години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Да се споредуваат ракометот и фудбалот е како да споредувате професор од средно школо во Скопје со Ајнштајн. Кој гледа ракомет во Европа?“, изјави Панчев па потоа додаде дека ја разбира радоста на македонскиот народ.
„Нашиот народ е желен за успех. Ако играме финале на Европско првенство во куглање и ако имаме голема сала таа би била полна. Но, сепак кога сте виделе 10 деца во школскиот двор да се соберат и да играат ракомет?“, зборува Панчев во еден дел од интервјуто.
Е сега на тоа „Кој гледа ракомет во Европа“ Панчев многу брзо доби одговор. Ракомет гледа една од најголемите фудбалски ѕвезди – Килијан Мбапе!
Мбапе се појави на натпреварот на ракометниот клуб на ПСЖ и Ним.
Па, Дарко место да наоѓаш начин да омаловажиш нешто убаво би било да се угледаш на Килијан и да му пружиш поддршка на Вардар во овие тешки моменти, бидејќи тоа е твој клуб, секако ако ти се уште го сметаш така.