Дома Македонски спорт Мак фудбал Дарбо го казни промашениот празен гол на Цветановски, Шкупи и Вардар ги поделија бодовите 🎥

Дарбо го казни промашениот празен гол на Цветановски, Шкупи и Вардар ги поделија бодовите 🎥

Во натпреварот кој денес привлекуваше најголемо внимание Вардар како гостин во натпревар кој се играше на неутрален терен одигра 1:1 против Шкупи.

Вардар и Шкупи по втор пат играа сезонава и овој дуел заврши без победник. Во првиот се радуваше Вардар.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Клучниот момент се случи во второто полувреме кога најстогата казна во гол ја претвори капитенот на црвено-црните Дарко Мицевски.

По овој гол Вардар се повлече и чекаше шанси од контри, а во една таква контра Цветановски промаши празен гол од само неколку метри. Ова негово промашување многу брзо беше казнето од првиот стрелец во ПМФЛ, Дембо Дарбо.

Во самиот финиш Дарбо имаше уште една голема шанса и за целосен пресврт меѓутоа не ја реализираше.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ

Академија Пандев – Борец 2:1

Македонија Ѓ.П – Пелситер 2:1

Работнички – Ренова 3:1

Шкендија – Беласица 2:0

Силекс – Струга Трим Лум 0:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…