Дома Останати Данска ја одбрани титулата светски шампион!

Данска ја одбрани титулата светски шампион!

Репрезентацијата на Данска е старо-нов светски шампион во ракомет, откако во финалето ја победи Шведска со 26:24.

Во неизвесното финале херој за Данците беше феноменалниот Никлас Ландин, кој имаше 15 интервенции.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во првото полувреме беше максимално израмнето, се играше гол за гол, а на одмор се замина со резултат 13:13.

Израмнето беше се до 45-та минута кога Данска почна да се одлепува и да прави разлика, пред се благодарение на одличниот Ландин на голот.

Актуелниот светски првак првпат се одлепи на 23:20 и таа разлика ја чуваше се до самиот крај за конечни 26:24.

Хансен со 6 и Нилсен со 5 голови беа најефикасни кај Данска, додека на спротивната страна Ване постигна 5 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Директор почина сред дерби: Спортска трагедија во Унгарија (Фото)

Техничкиот директор на унгарскиот ракометен клуб Пик Сегед Иван Добози (68) почина за врем…