Дома Останати Данска се избори за финале на ЕП

Данска се избори за финале на ЕП

Репрезентацијата на Данска се пласираше во финалето на Европското првенство, откако со 29:26 славеше над Германија во Ланхес арената во Келн.

„Панцерите“ беа рамноправен противник само во првото полувреме, постојано беа во водство, на моменти имаа и +3, и на пауза заминаа со предност од 14-12.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Данците во вториот дел ја презедоа контролата, во 13 минути и дозволија на Германија да постигне само три гола, а во последните десет минути апсолутно доминираа и дојдоа до пет гола разлика.

Германија иако домаќин, не успеа да им парира на Данците, кои на крај победија со 29:26 и закажаа пресметка за злато со Франција.

Хансен, Јакобсен и Питлик со по пет гола беа најпрецизни во победничкиот тим, додека Усцинс со ист број погодци беше најпрецизен кај Германците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Кузмановски: Ни се повторуваат истите грешки, сами сме виновни за поразот од Вардар

Вардар синоќа во Скопје извојува победа над Пелистер во големото ракометно дерби, по кое к…