Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Данска покажа „заби“, но Германија се пласираше во четвртфиналето 🎥

Данска покажа „заби“, но Германија се пласираше во четвртфиналето 🎥

Германија со истиот резултат како и Швајцарија претходно против Италија (2:0) славеше победа над Данска и си обезбеди место во четвртфиналето.

Тргнаа фуриозно Германците и во почетните минути брзо создадоа неколку прилики. Шлотербек ја погоди и мрежата во четвртата минута, но тој гол се поништи поради прекршок во напад.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


По почетниот притисок на Германија, Данска се ослободи и почна да игра пред голот на Мануел Ноер, имаа и некои добри прилики.

Натпреварот во 35. минута беше прекинат поради силни громтевици во Дортмунд и на теренот се вратија десетина минути подоцна. Не видовме голови ни по продолжувањето на полувремето, па на пауза се замина со 0:0.

Во вториот дел следуваа возбудувања по само три минути игра. Дефанзивецот Андерсен ја погоди мрежата на Данска, но ВАР поради милиметарски офсајд го поништи неговиот гол.

Само пет минути подоцна на спротивната страна одново Андерсен беше во центарот на вниманието бидејќи ВАР реагираше и покажа негово минимално играње со рака за пенал на Германија. Пеналот го реализираше Хаверц за 1:0.

 

Не се откажаа Данците имаа прилики и по примениот гол, но точка на натпреварот стави Џамал Муссила со голот во 68. минута. Противник на Германија во четвртфиналето ќе биде подобриот од натпреварот помеѓу Грузија и Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Облак бранеше се, Коста правеше „чуда“, Португалија во четвртфинале🎥

Португалија се пласира во четвртфиналето во Европското првенство после вистинска пенал дра…