Дома Топ вести Дани Алвеш: Повеќе не се чувствував добро во Барса, но сигурен сум дека им недостасувам!

Дани Алвеш: Повеќе не се чувствував добро во Барса, но сигурен сум дека им недостасувам!

Денешниот меч во Лигата на шампиони помеѓу Јувентус и Барселона ќе биде слецијален за Дани Алвеш, кој помина осум години на „Камп Ноу“ пред да се пресели во Торино.

Бразилецот пред медиумите ја откри причината зошто реши да го напушти каталонскиот клуб.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Во еден момент повеќе не се чувствував добро во Барса. Покрај тоа се случија некои промени и јас постојано бев на списокот за бркање. Ми здосади да слушам дека јас сум тој кој што треба да замине од клубот“, објаснува Алвеш.

„Сега ми е навистина чудно. Сигурен сум дека им недостасувам“, низ насмевка заклучи Бразилецот.

„Сметам дека во Барселона ме оценија како професионалец, како некој од кого клубот имаше полза и кој секој меч го правеше уникатен и даваше се од себе. Мислам дека донесов многу расположение во соблекувалната. Зборував со моите екс соиграчи и ми рекоа дека најмногу им недостасува тоа мое расположение. Ми велат дека сум уникатен“, додаде Дани Алвеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ал Наср славеше на дебито на Пиоли (ВИДЕО)

Ал Наср го совлада Ал Етифак со 3:0 во натпреварот од 4.коло од Лигата на Саудиска Арабија…