Даниел Рикардо не го продолжи договорот со Ред Бул и од 2019 година ќе вози за тимот на Рено.
Соработката помеѓу Ред Бул и Рикардо датира уште од 2008 година и никој не очекуваше ваков развој на ситуацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој од 2019 година ќе вози во Рено иако овој тим во моментов има далеку послаб болид во однос на оној на Ред Бул.
„За мене ова најтешката одлука во кариерата. Сепак, мислам дека дојде времето за нов предизвик“, изјави Рикиардо.
Во наредната сезона Рикардо ќе вози во тим со Нико Хулкемберг, додека Карлос Саинц се поврзува со тимот на Мекларен.