Еден од најдобрите напаѓачи во историјата има намера да се врати на фудбалските терени.
Иако претходните негови обиди да ја спаси својата кариера беа неуспешни, најмногу поради неговиот лош начин на живот, Адријано одлучи да се обиде уште еднаш.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мојот план е преку добар тренинг да се спремам до јануари и тогаш да се обидам да пронајдам клуб“, изјави 35 годишниот фудбалер во текот на гостувањето во една ТВ емисија во татковината.
Последниот ангажман Бразилецот го имаше минатата година во Мајами, но таа негова авантура заврши неславно.
Адријано своите најдобри денови ги помина во Италија каде што настапуваше за Интер, Парма и Фиорентина, а враќањето во неговата татковина го означи почетокот на неговиот крај.
Популарниот „Император“ за „кариоките“ запиша 50 настапи во периодод од 2000 до 2010 година и постигна 29 погодоци.