Во март ќе биде јасно дали системот за видеоповторување (ВАР) ќе биде употребуван на Светското првенство во Русија, изјави претседателот на судиската комисија при ФИФА, Пјер Луиџи Колина.
„На сите ни е јасно дека живееме во светот на технологијата. Експериментот ВАР во фудбалот започна во 2016 година. Минималното време за кое треба да се даде оценка на системот е две години, односно веќе истекува. Затоа во март ќе се донесе конечна одлука дали овој систем ќе се користи и на светските првенства“, изјави Колина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во моментов ВАР официјално се користи во две големи првенства во Европа – италијанската Серија А и Бундес лигата. Готово сигурно од следната сезона системот ќе го користат и првенствата во Шпанија и Франција.
На Светското првенство во Бразил во 2014 година беше за прв пат воведен GLT –системот, кој определува дали топката ја минала гол линијата или не.