Изгледа дека Мурињо одлучил…
Фудбалерите од средината на теренот на Јунајтед се повредуваат еден по друг, надвор од конкуренција во редовите на „црвените ѓаволи“ сега се Пол Погба, Мајкл Керик и Маруан Фелаини, па Португалецот има проблем со оваа позиција.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но и покрај повредите Мурињо најави дека нема да купува во јануари, сепак би можел да го врати Андрес Переира од позајмица.
Јасно, ќе мора да врати половина од сумата што ја доби од Валенсија за младиот фудбалер кој замина од „Олд Трафорд“ бидејќи стравуваше дека Мурињо нема да му даде шанса.
Но, Переира кој е многу талентиран, не е стандарден ниту во Валенсија, конкуренцијата е жестока тимот игра одлична, па тој одигра само четири натпревари.
Поради тоа и самиот фудбалер со задоволство би се вратил во Англија. Останува да видиме каква ќе биде конечната одлука на Португалецот.