Дома Топ вести Дали судијата му помогна на Реал во реваншот против Барселона?🎥

Дали судијата му помогна на Реал во реваншот против Барселона?🎥

Реал Мадрид синоќа ја победи Барселона со 4:0 во реванш дуелот од полуфиналето на Купот.

Меѓутоа, натпреварот можеше да замине во сосема поинаков правец поради контроверзната ситуација на самиот почеток. Во третата минута, по центаршут на Гави, топката удри во раката на дефанзивецот на „кралевите“ Давид Алаба, кој беше во шеснаесетникот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, судијата Хуан Мартинез Мунуера одлучи дека нема елименти за пенал, а не реагираше ниту ВАР.

Каталонците се бесни поради недосудениот пенал, бидејќи сметаат дека натпреварот можеше да се развие на сосема поинаков начин и дека се оштетени.

Според поранешниот шпански судија Едуардо Итуралде Гонзалес, судијата донел правилна одлука во овој случај. Тој објасни дека во оваа ситуација топката удира во потпорната рака на Алаба, кој паѓа на земја. Ако ударот беше во другата рака, требаше да биде досуден пенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Косово во исчекување на историска ноќ: Фудбалерот што ќе го постигне победничкиот гол ќе добие награда за помнење

Косово во вторник игра најголем натпревар во својата историја. Во Приштина пристига Турциј…