Дома Топ вести Дали со заминувањето на Клоп ќе следи и уште еден шок на „Енфилд“?

Дали со заминувањето на Клоп ќе следи и уште еден шок на „Енфилд“?

Јирген Клоп го потврди своето заминување од Ливерпул на крајот од сезоната, но тоа можеби нема да биде единствениот шок на „Енфилд“ бидејќи Вирџил Ван Дајк не е сигурен во својата иднина.

Договорот на Ван Дајк со Ливерпул е со важност до 2025 година и тоа не гарантира негово останување, посебно по последните случувања.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


И самиот Ван Дајк не криеше од новинарите дека може да ја промени средината.

„Не знам дали ќе останам, тоа е тешко прашање на кое немам одговор. Во клубот ќе следи нова ера, не си заминува само тренерот туку и сите кои работеа со него. Предизвик ќе биде достојно да бидат заменети, па и самиот со нетрпение чекам да видам во кој правец ќе оди клубот. Искрено чекам да видам што ќе се случува“, изјави Ван Дајк.

Исто така во јавноста има и шпекулации околу иднината на Мохамед Салах кој како и Ван Дајк има договор до 2025.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…