Бурно е во Реал Мадрид последниве седмици. Тимот не игра добро во клучниот дел од сезоната, и како што често тоа се случува на кралскиот двор, почнуваат расправии меѓу клановите во соблекувалната, која е полна со ѕвезди и его.
Во Шпанските медиуми се појавија информации дека дел од играчите на Реал, како Модриќ, Бејл и Крос побарале од тренерот Зидан да не го става во игра Кристиано Роналдо (ОВДЕ).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во меѓувреме се појавија и видео снимки од мадридското дерби кои сведочат дека Роналдо пред крајот на натпреварот жестоко го навреди судијата Де Бургос, кој на Португалецот не му покажа ни жолт картон.
Нормално, каталоснките медиуми веднаш го потенцираа овој инцидент и потсетија дека Лео Меси поради идентичен прекршок беше казнет со четири натпревари неиграње во Аргентина. Истакнуваат дека истата казна треба да ја добие и Роналдо, кој во тој случај ќе го пропушти „Ел Класико“.