Maрко Верати би можел да го напушти Пари Сен Жермен иако преодниот рок во најсилните европски лиги е завршен.
Последниот знак дека Верати може да замине по 11 години поминати во Париз е што Италијанецот е изоставен од списокот на играчи за Лигата на шампионите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од поодамна е познато дека Верати не е во плановите на Луис Енрике, не играше ниту на припремите. Сепак, ПСЖ постави висока цена и затоа се уште е тука.
Преодниот рок е завршен во Европа, но уште денес и утре е отворен во Саудиска Арабија и Катар. Неговите преговори со Ал Хилал пропаднаа и сега во прв план се споменува катарскиот Ал Араби.
Верати има 31 година и сигурно може да одигра уште некоја сезона на високо ниво, но цената која ја постави ПСЖ очигледно е достапна само за Арапите.