Oле Гунар Солскјер и понатаму се води како привремен тренер на Манчестер Јунајтед. Сепак, кога би се прашувале навивачите тој веднаш би добил долгогодишен договор со Јунајтед.
Фудбалскиот свет смета дека легендарниот напаѓач ќе остане на клупата на англискиот гигант и наредната сезона и дека тоа апсолутно го заслужува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа се уште може да се прочитаат шпекулации дека управата на клубот ќе се одлучи за некое големо тренерско име.
Сепак, Солскјер во својата последна изјава најави дека работата е веќе решена и дека клубот ќе го задржи.
Имено, Норвежанецот на прес-конференцијата пред натпреварот со Саутемптон откри дека веќе снимил промотивно видео за продажба на влезниците за наредната сезона.
„Не, не беше чудно да се сними виео. Чудно беше да се видам себе во рекламата, а да не сум повеќе тука. Ако моите деца ја видат рекламата на која сум јас, а сум дома во Норвешка тоа би било уште повеќе чудно“, изјави Солскјер па додаде:
„Снимивме реклама за сезонските влезниците и така ги молам навивачите да ги купат. Дали ја ќе бидам наредната сезона само навивач или и понатаму тренер, тоа не знам. Но, сеедно навивачите секако би требали да ги купат влезниците затоа што овој клуб е на вистинскиот пат“.
Исто така новинарот на „Гоал“, Крис Вокс пренесува дека Солскјер за својата иднина го кажал следново.
„Разговаравме за иднината на клубот. Тоа го правевме и пред да започнам да победувам. Мојот договор истекува на лето, но јас и понатаму давам 100% од себе. Секогаш морате да имате план“…
Ole on planning ahead: "We've been discussing the future of the club. We did that before I had won two or three games and all this talk about if I should stay or not. My contract is up in the summer but I still give my 100 per cent and my best. You have to plan." #MUFC
— Kris Voakes (@krisvoakes) March 1, 2019