Дома Топ вести Дали ова видео ги покажува сите проблеми во Реал?

Дали ова видео ги покажува сите проблеми во Реал?

isco ronaldo

Реал Мадрид во неделата славеше против Лас Палмас со 3:0 и тоа веројатно е единствената добра вест за „кралевите“ која може да се издвои.

Поделбите во соблекувалните се по видливи, а нетрпеливоста помеѓу Кристиано Роналдо и лидерот на еден клан Иско Алркон беше видлива на теренот, посебно при постигнувањето на погодоците.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Касемиро, Асенсио и Иско беа стрелеци за Реал. Претходно пишувавме дека покрај Роналдо се поискусните играчи на тимот, додека Иско е лидер на младата гарда во првиот тим.

Проблемите најдобро ги покажува можеби прославата на третиот погодок.

Роналдо не го славеше погодокот, замина во сосема друг правец, не покажувајќи никакви емоции кон соиграчот. Португалецот имаше горк израз на лицето со кој го покажа своето незадоволство.

Сега следи репрезентативната пауза, па ова можеби ќе биде вистински момент за Зидан да се справи со проблемите во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…