Пристигна како големо засилување, но се уште чека на дебито на официјален натпревар.
Во вчерашниот ден во англиските медиуми се појавија информации дека засилувањето на Ливерпул од 40 милиони евра, не игра во Ливерпул затоа што учи англиски, а денес според неговата најнова изгледа дека научил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Добро стартував, се адаптирав. Припремите беа многу добри, одигравме девет натпревари, а јас играв на сите девет. Се прилагодувам на стилот на играта на Ливерпул. Искусните играчи ми помогнаа, како и тренерите, сега можам да кажам дека сум комплетно спремен“, изјави Фабињо за „Глобо“.
Тој истакна дека во Ливерпул се чуствува како дома и дека сонародникот Фирмино многу му помогнал.
„Добро. Ми помагаат и другите Бразилци во тимот. Сега останува само да дебитирам. Добро сум и како што кажав спремен сум“, додаде Фабињо.
Ливерпул без Фабињо во првите четири натпревари во Премиер лигата забележа четири победи.