Бразилскиот дефанзивен играч за врска Фабињо, ова лето пристигна во Ливерпул како големо засилување, а „црвените“ за неговите услуги на Монако му исплатија повеќе од 40 милиони фунти.
Сепак, Бразилецот се уште не настапил на официјален натпревар за Ливерпул, а навивачите на овој клуб сигурно ги интересира зошто фудбалерот кој се очекува да биде големо засилување се уште нестапил.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од британски „Мирор“ сметаат дека го имаат одговорот на ова прашање.
Имено, Фабињо не игра затоа што не знае англиски и поради тоа сега работи на учење на јазикот.
Како што пишува „Мирор“, Клоп бара од секој свој фудбалер да го знае англискиот јазик, па поради тоа се уште се чека на дебито на Бразилецот.
За Клоп добрата комуникација на теренот е клучен фактор за атмосферата и играта, па англискиот јазик како универзална „алатка“ мораат да го знаат сите фудбалери на Ливерпул.