Дома Фудбал Англија Дали Клоп со овие зборови веќе се откажа од Премиер лигата?

Дали Клоп со овие зборови веќе се откажа од Премиер лигата?

До завршувањето на Премиер лигата не остана уште многу, а Ливерпул и Манчестер Сити изгледа ќе водат голема борба до самиот крај на првенството.

Ливерпул вчера потешко од очекувањата, но си ја заврши работата и однесе победа од 2:1 против фенерџијата Фулам, Победничкиот гол за Ливерпул го постигна Џејмс Милнер од пенал во финишот од натпреварот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Сити пак поради обврските во ФА Купот овој викенд не играше натпревар во Премиер лигата и сега Ливерпул е лидер со два бода повеќе, но „граѓаните“ имаат натпревар помалку.

Навивачите на Ливерпул долго време чекаат на титула во Премиер лигата и за овој клуб освојување на домашното првенство би било поголема работа отколку триумф во Лигата на шампионите.

Ова го потврди Салах во својата изјава неодамна.

„Морам да бидам искрен. Лигата на шампионите е најпрестижното натпреварување. Меѓутоа сонот на целиот град и клубот е да се освои Премиер лигата. Спремен сум да го жртвувам мојот сон, но би сакал да ги оствариме и двете цели“, изјави Салах неодамна.

Сега во јавноста зборуваше Клоп кој ако се суди според неговите зборови не е премногу оптимистичен.

„Секако дека сакаме да останеме во трката за титулата. Првото место е најдоброто на кое може да бидете. Но, мене ми изгледа дека Манчестер Сити во продолжение од сезоната нема да изгуби многу бодови. Наша работа е да победуваме“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …