Дома Фудбал Италија Дали Зампарини со оваа изјава НАЈАВИ трансфер на Несторовски?

Дали Зампарини со оваа изјава НАЈАВИ трансфер на Несторовски?

Еден од најдобрите македонски напаѓач и капитен на италијанскиот второлигаш Палермо денес ја продолжи соработката со клубот од Сицилија.

Минатото лето неколку клубови беа заинтересирани да го доведат Несторовски во своите редови, но сепак Македонецот ги одби понудите и остана дел од Палермо, а денес тој стави потпис и на нов договор.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Токму по повод продолжувањето на договорот со Несторовски во италијанските медиуми зборуваше претседателот на клубот, Маурицио Зампарини.

„Навистина сме среќни што потпишавме нов договор со нашиот капитен, горди сме што имаме чест ваков фудбалер да го носи дресот на нашиот клуб. Но, во иднина доколку клубот има потреба од финансии, некои фудбалери би можеле да бидат продадени за доброто на клубот“, изјави Зампарини

Со оваа изјава Зампарини веројатно алудираше токму на нашиот фудбалер бидејќи, Несторовски е фудбалерот со најголема вредност во овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вакво нешто првпат се случува во историјата: Татко и син во различни клубови добија откази во ист ден

Необична приказна пристига од грчката Суперлига! За првпат во историјата, татко и син доби…