Дома Фудбал Германија Дали е ова доказ дека опаѓа квалитетот на Бундеслигата!?

Дали е ова доказ дека опаѓа квалитетот на Бундеслигата!?

Германските клубови во летниот преоден рок, до овој момент, потрошиле 413 милиони евра, што е доста помалку од сумата од 600 милиони евра која ја потрошија минатата сезона.

Борусија Дортмунд води на листата со потрошени 73 милиони евра за нови засилувања, додека шампионот Баерн Минхен до овој момент не потрошил ниту еден цент. Овој викент започнува новата сезона во Бундеслигата, а трансфер пазарот во Германија се затвора на 31-ви јануари.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Борусија Дортмунд ги донесе три од четирите најскапи засилувања во Бундеслигата: Абду Диало (од Мајнц за 28 милиони евра), Аксел Витсел (20 милиони) и Томас Делејни (20 милиони).

Останатите три големи трансфери се Аласан Плеа од Ница во Мехенгладбах за 23 милиони евра, Дави Класен од Евертон во Вердер за 15 милиони и Жан Филип од Лион во Мајнц за 8 милиони евра.

Нивото на Бундес лигата од година во година се повеќе опаѓа, само за споредба италијанската Серија А ова лето потроши 1,15 милијарди евра за нови засилувања.

Четврта година по ред Бундеслигата е на 5-то место во Европа по потрошени пари за засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…