Италијанскиот фудбал го тресе нов скандал, а повторно во центарот на вниманието е актуелниот шампион Јувентус.
Главна тема денес во италијанските медиуми е натпреварот помеѓу Интер и Јувентус во 2018 година, кој беше клучен за титулата на „старата дама“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тогаш за титулата се бореа Јувентус и Наполи, а на четири кола пред крајот „бјанконерите“ гостуваа кај Интер и тој натпревар на крајот се испостави дека ја одлучи титулата.
Интер водеше со 2-1, кога Пјаниќ со карате потег го сруши Рафиња и сите очекуваа црвен картон за Босанецот. Главниот судија Даниеле Орсато не го покажа затоа што од ВАР собата добил инструкции дека тоа не е старт за исклучување. На крајот Јувентус победи со 3:2.
Денес се огласи тогашниот шеф на Обвинителството на Фудбалскиот сојуз на Италија, Џузепе Пекораро кој лани поднесе оставка. Тој тврди дека, по жестокиот притисок од сите страни, одлучиле да ја испитаат ситуацијата поради која Пјаниќ не е исклучен, но дека ги нема клучните аудио записи од ВАР собата.
Видео записите од овој меч не биле комплетни. Конкретно, комуникацијата помеѓу ВАР собата и главниот арбитар токму за овие ситуации кои се спорни ја немало.
„Ги баравме аудио дијалозите меѓу ВАР и судијата Орсато, но материјалите ги добивме дури на почетокот од следната сезона. Кога ја отворивме датотеката, се беше таму, освен единствената работа што ни беше важна – разговорите кои доведоа до тоа Пјаниќ да отане на теренот. Причина? Ми рекоа дека го немаат тој дел“, истакна Пекораро.
Оваа изјава ја разбранува италијанската јавност и повторно се појавија сомнежи за „Калчополи“, бидејќи Јувентус често е обвинуван за помош и соработка на судиите во Италија.