Дома Останати Дали вчера беше срушен европскиот рекорд на 100 метри?

Дали вчера беше срушен европскиот рекорд на 100 метри?

Швајцарскиот спринтер Алекс Вилсон во неделата во натпреварувањата во Атланта постави нов европски рекорд на 100 метри откако ја истрча делницата за 9.84 секунди.

Овој роден Јамајканец пред самиот почеток на Олимписките игри покажа дека е во добра форма и за две стотинки го поправи досегашниот рекорд кој го држеа Португалецот Франсис Обикел и Французинот Џими Викут.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, многумина се сомневаат во исправноста на неговиот резултат. Досегашниот најдобар резултат на швајцарскиот спринтер беше 10.08 секунди кој го истрча пред две години. Овогодинешните негови резултати беа од 10.54 до 10.38 секунди, што значи дека успеал да го поправи времето за повеќе од пола секунда.

Освен трката на 100 метри Вилсон трчаше и на 200 метри, резултатот кој го постигна 19.89 секунди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…