Како што пренесуваат шпанските медиуми, големата ѕвезда на Реал следното лето ќе го напушти клубот.
Имено, изгледа дека управата и тренерот Зидан се согласуваат да го продадат Герет Бејл следното лето во Манчестер Јунајтед. Познато е дека Мурињо е заинтересиран за Бејл, бидејќи ќе му реши многу проблеми по левата страна на теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бејл би можел да ја покрие клучната позиција во офанзивата, но и во формацијата 3-5-2 да биде лев играч. Поради тоа, Јунајтед се откажа од Гризман, на крајот на краиштата, нивна поевтина опција е и Алексис Санчез, иако Мурињо има намера да го форсира Рашфорд, а ќе се врати и Ибрахимовиќ.
Тоа би му го отворило патот на Реал. Гризман е идејата на Флорентино Перез со кого Зидан се согласи, може да игра на повеќе места во нападот наместо на Роналдо. Бензема го продолжи договорот, тој сигурно ќе остане.