Репрезентациите на Англија и Белгија во директен дуел ќе одлучуваат за победникот на Групата Е. На прв поглед дуелот во Калининград ветува спектакл, но можеме да станеме сведоци на голем циркус…еве зошто!
Еден час пред Англичаните и Белгиците да излезат на терен ќе се знае крајното класирање во Групата Х, каде за два билети за осминафианлето ќе се борат Сенегал, Јапонија и Колумбија. Поради тоа Англија и Белгија ќе бидат во ситуација да можат да го избираат својот противник, бидејќи нивната група вкрстува со Групата Х.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа то не е се. Интересно е дека вториот од оваа група ќе биде „привилегиран“ бидејќи оди во полесниот костур и ќе има полесен пат до финалето.
Очигледно е дека двете половини до финалето не се рамномерни, бидејќи така одлучи ждребот и досегашните дуели. Во едниот дел од костурот се Уругвај, Португалија, Франција, Аргентина и Бразил, додека во другиот дел најзвучно име е Шпанија.
Поради тоа Англичаните и Белгиците вечерва повеќе ќе сакаат да завршат на второто место, отколку да бидат победници во групата.
Англија и Белгија по скоро сите показатели се израмнети – имаат по шест бода и гол разлика 8:2. Во моментов Англија е на првото место бидејќи има еден жолт картон помалку од Белгија (Англија има 2 жолти, а Белгија 3).
Доколку вечерашниот дуел заврши без победник, а двете репрезентации се израмнат и по бројот на жолти и црвени картони, тогаш победникот на групата ќе биде одредел со ждрепка.